ПОЧЕТНА / СПОРТ / ОСТАНАТИ СПОРТОВИ / Пелистер Волеј доминантни на турнирот во Скопје

Пелистер Волеј доминантни на турнирот во Скопје

Младите одбојкарки на Пелистер Волеј родени од 2000-та година па нагоре, го освоија меѓународниот турнир во Скопје, организиран по повод денот на Општина Гази Баба “3-ти Ноември” од страна на општината и О.К Јанта Волеј.

Во својата група, битолските одбојкарки беа доминантни и славеа на два пати со максимални 2:0 во сетови. Најпрво, Пелистер Волеј славеше против српската екипа Панда со 25:10 и 25:19, а потоа и против Форца од Скопје со 25:14 и 25:15.

Во драматичното финале, Пелистер Волеј ја совладаа екипата на домаќинот Јанта Волеј во натпревар со многу пресврти и конечен резултат 2:1, во сетови 25:17; 22:25; 15:13.

Покрај освоената титула, битолските одбојкарки се враќаат и со неколку индивидуални признанија, односно Матеја Марковска го доби признанието за најдобар техничар, Сара Димовска за најдобар примач, додека Симона Стојановска беше прогласена за најкорисен играч на турнирот.

Може да ве интересира

Голден Стејт најмалку три седмици без Стеф Кари

Стеф Кари ќе паузира најмалку три седмици од кошаркарските терени по повредата што кошаркарот на …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *