ПОЧЕТНА / ЗАБАВА / Паузирано снимањето на филмот за Queen, режисерот доби отказ

Паузирано снимањето на филмот за Queen, режисерот доби отказ

Снимањето на биографскиот филм за Фреди Меркјури и групата Queen беше паузирано откако режисерот Брајан Сингер не се појави на сетот.

BBC пренесува дека Брајан Сингер бил отпуштен поради несериозниот пристап према работата и поради постојаните тензии кои биле предизвикувани за време на снимањето.

Брајан Сингер, најдобро познат по неговиот крими-трилер од 1995 година, „Usual Suspects“, беше отпуштен од режисерската позиција на биографскиот филм за легендарната рок-група Queen, „Bohemian Rhapsody“.

Тој негираше дека намерно го пропуштил снимањето во последните неколку денови, тврдејќи дека член од неговото семејство бил болен, па тој морал да остане со најблиските. Но, неколку денови претходно Hollywood Reporter извести дека на последните неколку снимања тој имал расправии со главниот актер, Рами Малек (Mr. Robot), а по последната од расправиите Сингер излетал од сетот и едноставно не се појавил повеќе.

Покрај тоа, медиумите во САД велат дека ова не му е првпат на Сингер да исчезнува од снимање на филм, туку тоа претходно му се случувало и на снимањата на „Superman Returns“ и „X-Men: Apocalypse“.

Неговиот адвокат изјави дека режисерот е многу разочаран бидејќи не може да го заврши „проектот за кој е многу страсно приврзан“. Овој филм е во подготовка уште од 2010 година, а се очекува конечно да ја има премиерата во текот на наредната календарска година.

Може да ве интересира

Робин Рајт ја презема главната улога во „Куќа од карти“

Ликот на Робин Рајт, Клер Андервуд, ќе биде во фокусот на последната, шеста сезона од …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *