ПОЧЕТНА / НАЈНОВИ ВЕСТИ / ВЕСТИ / РЕГИОН / Отворен ден на Форум 16 по повод денот на волонтерите

Отворен ден на Форум 16 по повод денот на волонтерите

По повод Меѓународениот ден на волонтерите 5-ти декември здружението за граѓански активизам Форум 16 од Битола ги отвори вратите за сите граѓани кои сакаат да се запознаат со нивната работа. По тој повод беа организирани низа работилници и активности иницирани од ова здужение но и од  самите волонтери и граѓаните.

Оваа година Меѓународниот ден на волонтерите се одбележува под мотото Волонтерите реагираат први. Тука. Насекаде. и е признание за позитивната солидарност на волонтерите ширум светот кои одговараат на повици во време на криза. Здружението Форум 16 од Битола го поттикнува  и поддржува локалното волонтерство и како искуството од надвор може да се примени и овде кај нас

Здружението за граѓански активизам Форум 16 од Битола во текот на 2017 година реализираше  два проекти кои беа и финансиски и менторски поддржани. Исто така следејќи ја годишната програма за работа реализираа и голем број активности во кои беа  вклучени волонтери.

Може да ве интересира

Се бара решение за долговите за струја на битолските училишта

Училиштата во општина Битола и студентските домови „Томе Стефановски-Сениќ“ и „Пелагонија“ денеска добија предупредување за …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *