ПОЧЕТНА / НАЈНОВИ ВЕСТИ / ВЕСТИ / Одобрено обвинението за случајот „Трезор“

Одобрено обвинението за случајот „Трезор“

Советот за оценка на обвинитениот акт при Основниот суд Скопје 1- Скопје го одобрил обвинението на Специјалното јавно обвинителство за случајот „Трезор“. Во овој случај осомничени се поранешниот директор на УБК, Сашо Милајков, поранешниот шеф на неговиот кабинет Тони Јакимовски, поранешниот началник на Петтата управа Горан Грујевски и поранешниот помошник министер во МВР, Небојша Сајковиќ.

Предметот „Трезор“ се однесува на економски криминал за злоупотреба на средства од Буџетот на Република Македонија во врска со набавка на електронско- комуникациска опрема и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија за потребите на Петтата управа при УБК.

Се очекува предметот да биде распореден на судија кој ќе ја води постапката и да биде одреден термин за почеток на судењето.

Може да ве интересира

По притисоците, паднаа првите оставки во ДИК

По многубројните реакции и извршениот притисок, паднаа првите оставки во Државната изборна комисија. Претседателот комисијата …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *