ПОЧЕТНА / НАЈНОВИ ВЕСТИ / ВЕСТИ / Одложено судењето за случајот „Траекторија“

Одложено судењето за случајот „Траекторија“

Судењето за предметот „Траекторија” на Специјалното јавно обвинителство, е одложено за 18-ти декември годинава. Во овој предмет обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, поранешниот министер за траснпорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта, Љупчо Георгиевски. Тие денска дојдоа во Кривичниот суд.

Одбраната на обвинетите на денешното рочиште побара визулено и тонско снимање на судењето. Судот го прифати барањето и го презакажа судењето.

Груевски, Пешевски, Јанакиески и Георгиевски осомничени се дека во втората половина на 2012 година и во текот на 2013 година презеле повеќе дејствија со кои во постапката за избор на компанија за изградба на автопатните делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид ги пречекориле своите овластувања. Со тоа тие нанеле штета на државниот буџет од најмалку 155.117.172 евра, а на компанијата изведувач и овозможиле да се стекне со имотна корист.

Кривичниот суд на 13-ти ноември го прифати обвинението на СЈО за овој случај и даде два дополнителни датума за судење, 18-ти и 26-ти декември.

Може да ве интересира

По притисоците, паднаа првите оставки во ДИК

По многубројните реакции и извршениот притисок, паднаа првите оставки во Државната изборна комисија. Претседателот комисијата …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *