ПОЧЕТНА / ЗАБАВА / Новороденче по породување ја држи спиралата на мајка си

Новороденче по породување ја држи спиралата на мајка си

Малиот Тајлер Декстер од САД нема ни една седмица, а веќе е познат во светот благодарение на фотографија направена по породувањето, на која ја држи контрацептивната спирала на неговата мајка.

Иако мајката Луси Хелен прво рекла дека детето се родило држејќи ја спиралата, се покажало дека таа била најдена крај плацентата за време на царскиот рез.

Фотографијата подоцна ја направила пријателка на Хелен, иронично прикажувајќи дека детето зачнало и покрај тоа што мајката користела контрацептивно средство.

– Иако не ја планирав оваа бременост, моето семејство и јас сме пресреќни – изјавила Луси Хелен.

Жената од Алабама открила дека тоа и била трета спирала, што ја имала од август 2016. Во декември дознала дека е бремена.

Може да ве интересира

Ријана доби улица во родниот Барбадос

Познатата пејачка Ријана беше специјална гостинка на Барбадос, нејзиниот роден остров, кога минатиот четврток се …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *