ПОЧЕТНА / СПОРТ / Николов отпадна поради повреда, Адис Јаховиќ му се приклучува на А тимот

Николов отпадна поради повреда, Адис Јаховиќ му се приклучува на А тимот

Македонската А репрезентација во Скопје ги започна подготовките за квалификациските натпревари против Италија и Лихтенштајн за СП 2018 во Русија.

Поради повреда фудбалерот на Вардар, Бобан Николов нема да биде во комбинација за настап на последните два квалификациски дуели. Селекторот на нашата најдобра репрезентација, Игор Ангеловски прати дополнителен повик за Адис Јаховиќ. Напаѓачот на турски Гезтепе веднаш ќе се приклучи на А тимот и ќе биде на тренингот во 18:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“.

На првиот собир во хотелот „Гранд Плаза“ и на попладневниот тренинг недостасуваат Столе Димитриевски, Стефан Ристовски и Езџан Алиоски. Тројцата доцна вечерва ќе допатуваат во Скопје и ќе му се стават во функција на селекторот на репрезентацијата Игор Ангеловски.

Може да ве интересира

Бошковски и Еурофарм Работник ја прекинаа соработката

По само пет кола изминати во ракометната Суперлига, промена на тренерската позиција во Еурофарм Работник …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *