ПОЧЕТНА / НАЈНОВИ ВЕСТИ / ВЕСТИ / Најмалку 31 жртва во пожарите во Калифорнија

Најмалку 31 жртва во пожарите во Калифорнија

Шумските пожари и во текот на ноќта кон петокот продолжија да уништуваат населби и плодни полиња на северот од американската сојузна држава Калифорнија, и покрај напорите на илјадници пожарникари во борбата против огромните пожари во кои досега животите ги загубија повеќе од 30 луѓе.

Официјалните претставници на локалните калифорниски власти потврдија дека бројот на потврдените жртви во шумските пожари коишто оваа седмица ја зафатија државата се искачил на 31, што ја прави најсмртоносната низа од пожари во историјата на оваа американска држава.

Притивпожарната служба предупреди во четвртокот вечерта дека дополнително може да се зголемат пожарите и штетите од нив во осумте окрузи на Калифорнија коишто се зафатени од стихијата.

Пожарите се раширија низ државата позната по производстовто на квалитетно вино, оставајќи илјадници луѓе без покрив над главата и пеплосувајќи повеќе од 78.000 хектари земјиште и 3.500 домови и други градби.

Може да ве интересира

Шпанија до Каталонија: Ќе бараме укинување на автономијата!

Шпанските власти ќе побараат укинување на автономијата на Kаталонија, доколку лидерите на таа покраина не …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *