ПОЧЕТНА / ХРОНИКА / Мотоциклист загина на патот Ресен-Битола

Мотоциклист загина на патот Ресен-Битола

Од МВР соопштуваат дека на магистралниот пат Ресен-Битола вчера околу 14 часот на место викано Дервен се случила сообраќајна незгода во која А.Б. (36) од Битола управувајќи моторцикл сузуки со битолски регистерски таблички излетал од патот.

Тој во незгодата се здобил со тешки телесни повреди по што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница во Битола каде што од страна на лекар била констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Ресен.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Може да ве интересира

Триесетина ученици повредени во сообраќајка на патот Демир Хисар – Кичево

Триесетина ученици од основното училиште „Гоце Делчев“ од Демир Хисар се повредени во сообраќајна несреќа …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *