ПОЧЕТНА / ЗАБАВА / МАСЛА КОИ ЌЕ ВИ ПОМОГНАТ ДА ГО ПОДОБРИТЕ ВАШИОТ ИЗГЛЕД

МАСЛА КОИ ЌЕ ВИ ПОМОГНАТ ДА ГО ПОДОБРИТЕ ВАШИОТ ИЗГЛЕД

Многу е важно да се грижите за вашиот изглед и за вашето здравје, а овие масла дефинитивно ќе ви помогнат во тоа!

Масло од сусам за поздрави заби

Маслото од сусам содржи голем број на поливитамински киселини и состојки. Плакнете ја устата со ова масло и вашите заби ќе бидат побели, а воедно ќе ја подобрите регенерацијата на непцата, јазикот и целата уста. Само бидете сигурни дали тоа го правите правилно.

Состојки

  • 1 лажица масло од сусам
  • 1/2 лажичка сода бикарбона
  • 1/4 чаша топла вода

Ставете го маслото во уста и плакнете 15-20 минути, а потоа плукнете. Маслото би требало да ја промени бојата на вашите заби во бела, а доколку тоа не се случи плакнете подолго. На крајот исплакнете ја устата со раствор од топла вода и сода бикарбона. Откако ќе завршите измијте ги забите и јазикот.

Масло од хибискус за растење на косата

Маслото од хибискус е точно тоа што ѝ е потребно на вашата коса. Ова масло содржи витамин Ц и го зголемува колагенот во косата, додека пак аминокиселините го зајакнуваат коренот. Благодарение на ова масло вашата коса ќе биде погуста и ќе има повеќе волумен.

Шампон од масло од хибискус

Додадете три капки есенцијално масло од хибискус во 100 мл шампон. Нанесете го шампонот на мокра коса и масирајте ја главата за маслото да навлезе во кожата и корењата. Оставете да отстои 2-3 минути. Измијте со топла вода, а доколку е потребно повторете. Откако ќе ја измиете коса употребете балсам.

Доколку имате светла косата, првин консултирајте со вашиот фризер, бидејќи маслото од хибискус може да ја смени бојата на косата.

Масло од рицинус за трепки и веѓи

Единствена негативна работа кај ова масло е неговиот мирис. Инаку ова масло има многу придобивки, содржи состојки за подобрување на метаболизмот на клетките, спречува опаѓање и сушење на влакната и ги штити од сонце и топлина.

Маскара од масло од рицинус

Потребно ви е

  • искористено шишенце од маскара
  • 3-5 мл масло од рицинус

Секоја друга маскара содржи силикони кои се топат на топлина. Измијте го шишенцето и четкичката со топла вода и отстранете ги остатоците од маскарата. Исполнете го шишенцето со масло од рицинус и ставете го на топло, но не жешко место. Ставајте од маскарата на вашите веѓи и трепки пред спиење. Првите резултати ќе ги забележите по една недела, а по две недели вашите трепки ќе бидат значително подолги.

Масло од ленено семе за детоксикација

Маслото од ленено семе се смета за лек уште од многу одамна. Богато е со масни киселини, витамини, калиум и корисно е за секого. Ова семе внимателно прави детоксикација на вашето тело и го подобрува метаболизмот по само седум дена редовна употреба. За да постигнете подобри резултати, додадете го во вашата секојдневна исхрана.

Како да го консумирате

Секое утро пијте по 1 лажичка, доколку е потребно додадете вода. По еден час појадувајте. Постапката повторете ја 30-40 минути пред вечерата. По една недела дозата можете да ја зголемите на една поголема лажица.

Може да ве интересира

Нов трејлер за „Војна на ѕвездите: Последниот џедај“

„Лукасфилм“ и „Дизни“ ги израдуваа обожавателите на „Војна на ѕвездите“ со нов трејлер за осмата …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *