ПОЧЕТНА / НАЈНОВИ ВЕСТИ / ВЕСТИ / МАКЕДОНИЈА / Македонски железници се во целосен штрајк

Македонски железници се во целосен штрајк

Железничкиот сообраќај е во целосен прекин, поради протест на вработените во Македонски железници, кои бараат да им биде исплатен и вториот дел од платата за октомври.

Вчера наутро започна блокадата на товарниот железнички транспорт, а од полноќ не сообраќаат ниту патничките возови.

Причината за прекинот е неисплатениот втор дел од платата за октомври, велат претставници од машинскиот персонал кои додаваат дека не се организирани од синдикалните организации и дека засега немаат назначено претставник за официјални изјави.

Од МЖ Транспорт АД-Скопје вчера излегоа со извинување до сите патници и коминтенти и истакнуваат дека нивниот менаџерски тим ќе работи на што побрзо нормализирање на железничкиот сообраќај.

 

Може да ве интересира

Дополнителни субвенции за лозарство

Лозарите ќе добијат дополнителни два денари субвенција за килограм винско грозје. Право на користење на …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *