ПОЧЕТНА / СПОРТ / ЛШ: Роналдо со два гола му донесе победа на Реал во Дортмунд

ЛШ: Роналдо со два гола му донесе победа на Реал во Дортмунд

Реал за прв пат забележа победа на гости кај Борусија Дортмунд, клучен играч беше Роналдо кој два пати погоди а „кралевите“ славеа со 3-1, еден гол постигна Герет Бејл додека за „милионерите “ голот го постигна Абумејанг.

Французинот Висам Бен Једер е првиот играч кој постигнал три гола за Севиља на еден натпревар во фудбалската Лига на шампиони. Тој синоќа во 2.коло од елитното натпреварување го предводеше својот тим до убедлив триумф над Марибор.

Три погодоци постигна и Хари Кејн за Тотенхем на средбата со АПОЕЛ по која англискиот тим заедно со Реал Мадрид водат во групата.

Сигурни беа уште и Порто, Наполи, Манчестер Сити и Бешикташ.

Резултати од 2.коло во ЛШ во групите Е, Ф, Г и Х:
АПОЕЛ – Тотенхем 0:3,
Бешикташ – Лајпциг 2:0,
Борусија Дортмунд – Реал Мадрид 1:3,
Манчестер Сити – Шахтјор 2:0,
Монако – Порто 0:3,
Наполи – Феенорд 3:1,
Севиља – Марибор 3:0,
Спартак Москва – Ливерпул 1:1.

Табела Е група: Севиља 4 бода, Ливерпул 2, Спартак 2, Марибор 1.

Табела Ф група: Манчестер Сити 6 бода, Шахтјор 3, Наполи 3, Феенорд 0.

Табела Г група: Бешикташ 6 бода, Порто 3, Лајпциг 1 и Монако 1.

Табела Х група: Тотенхем 6 бода, Реал Мадрид 6, Борусија Дортмунд 0, АПОЕЛ 0.

Може да ве интересира

Бошковски и Еурофарм Работник ја прекинаа соработката

По само пет кола изминати во ракометната Суперлига, промена на тренерската позиција во Еурофарм Работник …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *