ПОЧЕТНА / СПОРТ / ЛШ: ПСЖ со убедлива победа против Баерн

ЛШ: ПСЖ со убедлива победа против Баерн

Пари Сен Жермен со убедливи 3:0 го победи Баерн синоќа на „Паркот на Принцовите“ во Париз на дуелот од второто коло во фудбалската Лига на шампиони. Головите за францускиот тим ги постигнаа Дани Алвеш, Единсон Кавани и Нејмар.

Убедлив настап имаа и екипите на Базел, Манчестер Јунајтед и Селтик, Јувентус рутински ги освои бодовите, додека минимални победи забележаа Челзи, Рома и Барселона.

Резултати:

Група А: Базел – Бенфика 5:0, ЦСКА Москва – Манчестер Јунајтед 1:4

Група Б: Андерлехт – Селтик 0:3, ПСЖ – Баерн Минхен 3:0

Група Ц: Атлетико Мадрид – Челси 1:2, Карабах – Рома 1:2

Група Д: Јувентус – Олимпијакос 2:0, Спортинг Лисабон – Барселона 0:1.

По две рунди лидери во групите со максимални шест бода се Јунајтед, ПСЖ, Челзи и Барселона.

Може да ве интересира

Бошковски и Еурофарм Работник ја прекинаа соработката

По само пет кола изминати во ракометната Суперлига, промена на тренерската позиција во Еурофарм Работник …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *