ПОЧЕТНА / СПОРТ / Лука Модриќ обвинет за затајување данок

Лука Модриќ обвинет за затајување данок

Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ обвинет е од шпанскиот јавен обвинител за затајување данок од 870.728 евра во 2013 и 2014 година.

Во даночната афера вмешана е и неговата сопруга Вања Модриќ. Ден пред да биде обвинет Модриќ, во судот во Мадрид се појави уште фудбалер на кралевите обвинет за даночен прекршок. Марсело се терети за даночно затајување од 490.917 евра.

Модриќ е последен во низата фудбалери кои се најдоа на удар на шпанските власти заради финансиските малверзации.

Минатата година, Лионеле Меси и неговиот татко беа прогласени за виновни по три обвиненија, а на распит кај шпанските надлежни органи беа и Кристијано Роналдо, Марсело, Рикардо Карваљо, Анхел ди Марија, Маскерано и Фабио Коентаро. Под истрага беше и Жозе Мурињо за периодот во кој го предводеше Реал Мадрид.

Може да ве интересира

Голден Стејт најмалку три седмици без Стеф Кари

Стеф Кари ќе паузира најмалку три седмици од кошаркарските терени по повредата што кошаркарот на …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *