ПОЧЕТНА / ЗАБАВА / Луис Фонси има нова песна, дали ќе биде поголем хит од „Despacito“?

Луис Фонси има нова песна, дали ќе биде поголем хит од „Despacito“?

Откако годинава постигна историски успех, владееше со сите најзначајни светски топ-листи цели 11 месеци и рушеше рекорди во продожба, стримување и прегледи на YouTube, Луис Фонси е подготвен за „уште една рунда“.

Излезе долго очекуваниот сингл и спот за „Echame La Culpa“, дует со светската суперѕвезда Деми Ловато која пее на шпански.

„Снимањето со Деми беше прекрасно искуство, она што најмногу ме одушеви беше нејзината желба да пее на шпански и дека е перфекционист кога станува збор за точното изговарање на зборовите. Музички гледано, таа е совршена, нејзиниот глас беше причина ова да ми биде најлесната постпродукција на песна во кариерата“, рече Фонси за соработката.

Спотот за „Echame La Culpa“ се снимаше минатиот месец во Бруклин, а режисер е Карлос Перец, творецот на „Despacitо“, најгледаниот видеоспот во историјата на YouTube со над 4 милијарди прегледи.

„Echame La Culpa“ за четири дена има над 40 милиони прегледи.

Може да ве интересира

Ријана доби улица во родниот Барбадос

Познатата пејачка Ријана беше специјална гостинка на Барбадос, нејзиниот роден остров, кога минатиот четврток се …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *