ПОЧЕТНА / НАЈНОВИ ВЕСТИ / ВЕСТИ / МАКЕДОНИЈА / Лицата со оштетен вид за прв пат самостојно ќе гласаат на локалните избори

Лицата со оштетен вид за прв пат самостојно ќе гласаат на локалните избори

Лицата со оштетен вид за прв пат на локалните изботи на 15 октомври ќе гласаат самостојно. Вчера во Битола се одржа обука за овие лица за користење на новоизградениот шаблон подготвен од Државната изборна комисија  за гласање на Браево писмо , како и информирање на гласачите со попреченост за нивните права за активно политичко учество.  Проектот  исто така има за цел да се овозможи платформа преку која гласачите со попреченост ќе ги споделат своите потреби и приоритети до политичките партии и кандидатите и изборните општински советници и градоначалници.

Од здружението на слепи лица во Битола  велат дека тоа што сами ќе можат да го остварат своето право на глас е голем и важен чекор за сите лица кои имаат оштетен вид.

Од  здружението „Инклузива“ велат дека немаат точка бројка за тоа колку лица со попреченост се регистрирани како гласачи во Р. Македонија и покрај нивното барање .

Со реализација на ваквите обуки се очекува подобрени капацитети на 70 лица со оштетен вид за користење на шаблонот за  гласање на Браево писмо,обезбедена поддршка и помош за 150 лица со попреченост во текот на изборниот процес, подобрени капацитети на политичките партии во организирање на кампањи пристапни  за лицата со попреченост како и воспоставен дијалог меѓу избраните општински советници,граѓански организации,организации на лица со попреченост и самите лица со попреченост во целните општини.

Може да ве интересира

Тутунарите очекуваат 220 денари за килограм тутун

Повисоки цени , поквалитетен тутун, но  намален род, ова е прогнозата на тутунарите пред стартот …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *