ПОЧЕТНА / СПОРТ / ОСТАНАТИ СПОРТОВИ / Лидерот пресилен за Пелистер Волеј

Лидерот пресилен за Пелистер Волеј

По двете победи во низа над Бами Кор и Македонија Макс, битолски Пелистер Волеј доживеа пораз на домашен терен од лидерот на табелата, екипата на Универзитет Тетово со резултат 0:3, во сетови 15:25; 16:25; 22:25. Пелистерки подобро го отворија натпреварот и тргнаа со позитивен резултат, но само до водство од 12:9, кога лидерот ја пронајде својата игра и го доби првиот сет со повеќе од убедливи 15:25. Во вториот сет кога можеби и нервозата го направи своето, одбојкарките на Пелистер Волеј беа немоќни да направат нешто повеќе и Универзитет Тетово поведе со 0:2. Највозбудлив беше последниот сет, кој можеби беше решен со една дискутабилна одлука на судијата при резултат 21:22, кога беше досуден поен за гостинките, кои потоа немаа тешка задача натпреварот да го одведат до завршница.

Можеби нервозата не одигра толку улога, колку што направија импресиите од неочекуваното брзо водство во првиот сет, континуирано до тој 12-ти поен. Не издржавме на физички план, бидејќи во неделата имавме еден долг турнир на кој играа повеќето од овие девојки, тој меѓународен турнир во Скопје воедно и го освоивме, мислам дека од таму го влечеме тој замор, но мораше да го одиграме овој натпревар во вонреден термин, по правило овој натпревар требаше да се одигра во сабота. Практично настапивме без првиот коректор на екипата, но тоа никако не е оправдување. Можевме да одиграме многу посмирено, публиката го направи своето, добар притисок кој не го искористивме во наша полза. Би сакал да се заблагодарам на публиката која дојде во голем број да не поддржи и се надевам дека и во иднина вака ќе не поддржуваат. Не би можел да кажам дека судиските одлуки имаа влијание врз конечниот резултат, иако рака на срце можеше последниот сет да биде малку поинаков, но што е тука е. Се надевам дека веќе наредното коло кое го играме во Струмица ќе бидеме многу посвежи, ќе имаме повеќе време да се подготвиме, бидејќи тој натпревар се игра за десетина дена.“ – изјави Роберт Митковски, тренер на ОК Пелистер Волеј.

Битолските одбојкарки на коло пред крајот на првиот дел од сезоната имаат скор од 3 победи и пет порази, со 10 освоени и 17 загубени сетови.

Може да ве интересира

ЕХФ со божиќно изненадување за фановите

Европската ракометна федерација (ЕХФ) најави големо изненадување во пресрет на празничниот период. Истото се однесува …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *