ПОЧЕТНА / СПОРТ / РАКОМЕТ / Лазаров без промашување против Рајн Некар Ловен

Лазаров без промашување против Рајн Некар Ловен

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров е најзаслужен за нерешениот резултат на Нант против Рајн Некар Ловен на домашен терен 26:26.

Лазаров синоќа постигна шест голови без промашување, а во финишот беше стрелец на гол за намалување на водството на бундеслигашот на 25:26, за потоа Никола Турно да го изедначи резултатот. Во последниот напад РНЛ не реализираше удар од 7.метри. Голманот на Нант Сирил Думолин го одбрани ударот на Андре Шмит, кој со осум голови беше најефикасен на натпреварот.

Кај Нант покрај Лазаров, шест голови постигна и Роман Лагарде.
Ова беше првиот натпревар од 3.коло од А групата каде Вардар е прв со четири бодови, а РНЛ со денешениот бод има четири, додека Нант е трет со три.
Европскиот првак Вардар дуелот од третот коло го игра дома во недела против Загреб, додека Металург е домаќин на Спортинг во сабота во натпревар од Д групата.

Може да ве интересира

Голден Стејт најмалку три седмици без Стеф Кари

Стеф Кари ќе паузира најмалку три седмици од кошаркарските терени по повредата што кошаркарот на …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *