ПОЧЕТНА / СПОРТ / Клоп: Создадовме многу шанси, а постигнавме само еден гол

Клоп: Создадовме многу шанси, а постигнавме само еден гол

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп беше разочаран по ремито со Спартак Москва (1:1) синоќа во второто коло од Лигата на шампионите.

– Да се создадат толку шанси,а да се постигне само еден гол, не знам што да кажам. Создававме, создававме и создававме. Но среќата не напушти. Немам замерки до моите избраници кои вложија многу труд. Но кога не сака, не сака. Од шансите кои ги имавме требаше да постигнеме два, три или четири гола. Не знам дали има простор за критика, изјави германскиот фудбалски стручњак.

Ливерпул има две нерешени средби по првите две рунди во елитното натпреварување. Можност за прва победа ќе има во следното коло кога ќе биде апсолутен фаворит против Марибор.

Може да ве интересира

Голден Стејт најмалку три седмици без Стеф Кари

Стеф Кари ќе паузира најмалку три седмици од кошаркарските терени по повредата што кошаркарот на …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *