ПОЧЕТНА / СПОРТ / КОШАРКА / КК Пелистер со триумф ја започна сезоната во Првата лига

КК Пелистер со триумф ја започна сезоната во Првата лига

Пелистер стигна до триумф на домашен терен против Шкупи со резултат 80-73. Иако ова беше само прв натпревар во сезоната, оваа победа може да биде од исклучително значење за текот на целата сезона, па можеби и за крајниот исход. Момците на Зоран Петковски, 12-те битолчани кои се наоѓаат во тимот, пред се предводени од одличниот Анакиевски, одлично го одиграа целиот натпревар, а беа во резултатска негатива само по крајот на првата четвртина. Потоа, трпеливо си направија пат кон првата сезонска радост, а најголема заслуга имаше капитенот Анакиевски кој блескаше на теренот со 39 поени. Во наредниот период се очекува оваа екипа да доведе уште некое засилување, со што би биле поконкурентни, пред се во борбата за опстанок во Првата лига.

Младите кошаркари кои се дел од Пелистер сезонава, ќе имаат прилика да добијат прволигашко искуство, а со поддршката на капитенот Анакиевски и неколкуте засилувања, ќе имаат ветер во грб за добри резултати. Секако, овој триумф на стартот е поттик за нив за добри резултати. Во наредното коло, екипата на Пелистер му гостува на Блокотехна.

„Ова беше исклучително важен натпревар, можеби и најважниот натпревар во сезоната за нас. Најтешко е да се игра во првиот натпревар, затоа што сите се во грч. Долго време го очекувавме натпреварот, а на два дена пред почетокот на сезоната бевме во неизвесност дали ќе играме во прва или втора лига. На крај повторно сме прволигаши и тоа можам да кажам заслужено прволигаши, затоа што минатата сезона во некои полоши услови ја одработивме сезоната. Знаеме се реконструираше салата, па четири месеци не игравме, ниту трениравме на домашен паркет, но што е тука е. Цело лето работевме напорно, доста напредувавме. Она што го знаеме и умееме не го покажавме на овој натпревар во целост. Очекував многу повеќе. Меѓутоа, победата е многу важна затоа што е прв натпревар и многу важен за нас. Она што следува е неколку засилувања, тројца американци ќе не засилат во текот на наредните две недели, ќе бидеме многу поконкурентни и со подолга клупа, со повеќе играчи во ротација.“ – истакна тренерот Зоран Петковски по натпреварот.

Може да ве интересира

Голден Стејт најмалку три седмици без Стеф Кари

Стеф Кари ќе паузира најмалку три седмици од кошаркарските терени по повредата што кошаркарот на …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *