ПОЧЕТНА / НАЈНОВИ ВЕСТИ / ВЕСТИ / Илиевски: Повторно ќе се воведе патничкиот и товарниот сообраќај кон Грција

Илиевски: Повторно ќе се воведе патничкиот и товарниот сообраќај кон Грција

Кандидатот за советник во Општина Битола од СДСМ и коалицијата, Методија Илиевски, на денешната прес конференција истакна дека синоним за владеењето на ВМРО-ДПМНЕ стана „ветено, а не исполнето“. Според Илиевски, во наредниот мандат повторно ќе се воведе патничкиот и товарниот сообраќај кон Грција. Прес конференцијата ја пренесуваме интегрално.

„”Ветено а неисполнето” стана синоним за долгогодишното владеење на Дпмне. Се што ветија не исполнија, а тоа што го реализираа заврши со многубројни финансиски малверзации.

Во сите изборни циклуси, почнувајќи од 2009-та година, главно ветување на ДПМНЕ и Талески беше реконструкција и изградба на пругата  од Битола до Кременица, односно до македонско-грчката граница.

Во изминатиот период  успеаа да изградат само 1 километар од вкупно 17, а околу 70 фирми изведувачи кои работеле на пругата останале без ветените пари. Се работи за долг од околу 1 милион евра.

Имајќи во предвид тоа што во текот на 2014та година се обезбедени 20 милиони евра преку ИПА фондовите и тоа што досега никој досега не сносил одговорност, ги прашуваме Дпмне  – каде се парите од овај проект?

Ова е начинот на кој 12 години тие функционираат, секогаш ставајќи ги сопствените интереси пред интересите на битолчани.

Да, конечно некој ќе сноси одговорност!

Битола не смее веќе да биде заборавена!

Ние ветуваме дека во нашиот мандат пругата конечно ќе биде изградена, со што ќе се овозможи повторно воведување на патничкиот и товарниот сообраќај кон Грција.

Битолчани го заслужуваат тоа!Во недела заокружете го бројот 19 за живот во Битола за сите.“ – истакна Илиевски.

Може да ве интересира

СВР Битола го одбележа денот на превенцијата

Отсекот за превенција од СВР Битола денеска организираше прием за децата од градинките по повод …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *