ПОЧЕТНА / НАЈНОВИ ВЕСТИ / ВЕСТИ / Илиевска: Туризмот мора да биде еден од носечките столбови за развој на градот

Илиевска: Туризмот мора да биде еден од носечките столбови за развој на градот

Носителот на кандидатската листа за советници во Советот на Општина Битола од независната листа „Поинаку“, Габриела Илиевска, на денешната прес конференција истакна дека туризмот мора да биде еден од носечките столбови за економскиот развој на градот кој ќе придонесе Битола да стани економски силна Општина. Прес конференцијата ја пренесуваме интегрално.

„Симболите на Битола, пред сѐ Пелистер и Широк Сокак, традицијата на урбана средина со епитетите „Град на конзулите“ и „Град на клавирите“ како и богатото историско и културно наследство прават Битола да биди посакувана туристичка дестинација.

Од тие причини, туризмот мора да биде еден од носечките столбови за економскиот развој на градот кој ќе придонесе Битола да стани економски силна Општина.

Покрај сите природни убавини и културно-историски обележја, покрај неограничениот потенцијал и автентични туристички ресурси, Битола не смее да си го дозволи „луксузот“ да ја нема на туристичката мапа на Македонија, на Балканот. Од интерес на туристичките работници на Битола, на угостителите и на малите стопанственици, на занаетчиите и еснафот, но од интерес и на Општината е на туризмот да му се даде многу поголема важност и улога отколку досега.

Вклопувањето на манифестациите од забавен карактер од типот на „Бела ноќ“, или организирањето „Чкембаријада“ која ќе ги анимира угостителите во припрема и промоција на специјалитети карактеристични за нашето поднебје, се само еден сегмент во збогатувањето на организираната туристичка понуда под “капата“ на Општината и битолскиот еснаф.

Токму заради тоа, еден од приоритетите на нашата кандидатска листа за советници, е формирање Комисија за туризам во рамките на Советот на Општина Битола. Комисијата ќе има задача да му предложи на членовите на Советот да донесат Одлука за формирање Општински туристички сојуз и туристички инспекторат, отворање туристички инфо центар и продавници за сувенири.

Сметаме дека овој проект ќе биди добра основа и појдовна иницијатива која ќе придонесе за забрзан развој на туризмот во Битола.

Исто како и на многу други области кои се од витално значење за животот на битолчани и за развојот на градот, и на перспективите на туризмот ние од ПОИНАКУ гледаме поинаку.

Граѓаните на Битола заслужуваат подобра Битола и затоа во недела на 15 октомври ќе гласаат ПОИНАКУ.“ – истакна Илиевска.

 

Може да ве интересира

Битолскиот совет ќе ги решава локалните проблеми

Битола мора да ја вратиме во нормалните текови и на политиката и на бизнисот, рече …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *