ПОЧЕТНА / НАЈНОВИ ВЕСТИ / ВЕСТИ / Затворена границата со Грција, штрајкуваат грчките цариници

Затворена границата со Грција, штрајкуваат грчките цариници

Поради штрајк на грчките царински служби денеска ќе биде во прекин сообраќајот на државната граница помеѓу Република Македонија и Република Грција. Границата ќе може да ја поминат само пешаци.

Како што соопштија од МВР, на Граничниот премин Богородица прекинот ќе биде 24-часовен, и почнува денеска во 6 часот, исто како и на Граничниот премин Меџитлија, каде прекинот е најавен од 6:30 часот.

На Граничниот премин Стар Дојран прекинот во сообраќајот на границата ќе биде само денеска од 5 до 23 часот.

Може да ве интересира

Заев: Градиме општество за целосна социјална инклузија на Ромите

Владата на Република Македонија е определена да гради инклузивно општество и ќе овозможи целосна социјална …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *