ПОЧЕТНА / НАЈНОВИ ВЕСТИ / ВЕСТИ / Ердоган: САД кријат сомнително лице во Конзулатот во Истанбул

Ердоган: САД кријат сомнително лице во Конзулатот во Истанбул

Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган изјави денеска дека САД во својот конзулат во Истанбул кријат „сомнително лице“, кое е поврзано со исламскиот проповедник Фетлух Ѓулен, кого Анкара го обвинува за минатогодишниот обид за преврат.

Ердоган изјави и дека официјална Анкара останува на одлуката за запирање на издавањето туристички визи во САД, како одговор на прекинот за издавање американски визи во Турција.

Тој претходно го обвини американскиот амбасадор во заминување Џон Бас дека е виновен за спорот меѓу Анкара и Вашингтон, наведувајќи дека поради дипломатот САД ги жртвуваат односите со еден НАТО сојузник.

Поради апсењето на вработени во американските дипломатски мисии во Турција, Вашингтон пред неколку дена го запре издавањето визи, на што Анкара одговори со реципрочни мерки.

Може да ве интересира

ЕУ не ја одобрува одлуката на САД за Ерусалим

Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини ја поздрави историската посета на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *