ПОЧЕТНА / ХРОНИКА / Едно лице загина во сообраќајка на патот Градско-Прилеп

Едно лице загина во сообраќајка на патот Градско-Прилеп

Прилепчанец загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила во средата околу пладне на регионалниот пат Градско-Прилеп.

Како што информираат од МВР, на регионалниот пат Градско-Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Пежо 307“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ј.К.(30) од Скопје и возило „Опел Аскона“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од П.Н.(31) од Прилеп. Во незгодата од здобиените повреди на лице место починал П.Н., а смрт е констатирана од доктор од итна медицинска помош.

Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Прилеп.

По наредба на јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција.

Може да ве интересира

Турски државјанин пуштил фалсификувани пари во оптек во Битола

На 07.11.2017 година од страна на полициски службеници од СВР-Битола бил лишен од слобода А.А.(25) …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *