ПОЧЕТНА / ЗАБАВА / Дизајнирана првата барбика со хиџаб

Дизајнирана првата барбика со хиџаб

Ибтихај Мухамед беше првата американска спортистка, која носеше хиџаб на Олимписките игри во 2016 година во Рио, а сега според неа е дизајнирана и првата барбика, во 58-годишната историја на компанијата, којашто носи хиџаб.

Уникатната барбика што наликува на олимпијката била презентирана на самитот Жена на годината на „Гламур“, како најновата кукла во барби-линијата „шеро“ (жени херои), проект што ги слави жените што имаат намера да инспирираат нови генерации.

– Возбудена сум што соработувам со бренд што знам дека оддава почит на моќни жени што уриваат бариери и чија цел е да влијаат врз идните лидери – изјавила Мухамед.

Барбиката за јавноста ќе биде достапна од есен 2018 година.

Може да ве интересира

Ријана доби улица во родниот Барбадос

Познатата пејачка Ријана беше специјална гостинка на Барбадос, нејзиниот роден остров, кога минатиот четврток се …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *