ПОЧЕТНА / НАЈНОВИ ВЕСТИ / ВЕСТИ / Десетици илјади евакуирани поради силните пожари кај Лос Анџелес

Десетици илјади евакуирани поради силните пожари кај Лос Анџелес

Силни шумски пожари во областа Вентура во Калифорнија северно од Лос Анџелес ги натераа локалните власти да евакуираат десетици илјади жители, јави телевизијата Си-Ен-Ен.

Засега нема жртви во пожарите кои, поради силниот ветер, се проширија на 180 квадратни километри.

Во опасност е и големиот забавен парк Волшебната планина.

Гувернерот на Калифорнија Џери Браун прогласи вонредна состојба во областа Вентура и ангажираше 1.000 пожарникари да го спречат ширењето на пожарот кон погусто населените области.

Може да ве интересира

ЕУ не ја одобрува одлуката на САД за Ерусалим

Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини ја поздрави историската посета на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *