ПОЧЕТНА / ХРОНИКА / Грчки државјанин најден мртов во Прилеп

Грчки државјанин најден мртов во Прилеп

На 11.10.2017 година околу 23,50 часот во Прилеп било пријавено дека на паркинг простор во населбата Точила во патничко моторно возило “Нисан Микра“ со грчки национални ознаки, на предното седиште бил пронајден починат В.М.(49) од Р.Грција, информираат од МВР. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без знаци на насилство. Увид на местото на настанот бил извршен од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од ПС-Прилеп. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.

Може да ве интересира

Триесетина ученици повредени во сообраќајка на патот Демир Хисар – Кичево

Триесетина ученици од основното училиште „Гоце Делчев“ од Демир Хисар се повредени во сообраќајна несреќа …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *