ПОЧЕТНА / СПОРТ / Гремио по две децении го освои Копа Либертадорес

Гремио по две децении го освои Копа Либертадорес

Бразилски Гремио го освои трофејот во Копа Либертадорес, откако ноќеска по втор пат во финалната пресметка го победија Ланус од Аргентина. Гостите славеа триумф со 2:1 и по минималната победа на свој терен (1:0), со вкупни 3:1 се искачија на тронот.

Стрелци на головите за бразилскиот тим беа Фернандињо и Луан, домаќинот преку Хозе Санд успеа само да го ублажи поразот.

За бразилскиот клуб, ова е трет трофеј во Копа Либертадорес и прв по 22 години. Претходните два му се од 1983 и 1995 година.Последен пат Гремио играше во финалето во 2007 година, кога загуби од Бока Јуниорс.

Ланус пропушти шанса за прв пат да го освои трофејот во престижното јужноамериканско натпреварување.

Може да ве интересира

Голден Стејт најмалку три седмици без Стеф Кари

Стеф Кари ќе паузира најмалку три седмици од кошаркарските терени по повредата што кошаркарот на …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *