ПОЧЕТНА / НАЈНОВИ ВЕСТИ / ВЕСТИ / Во Атина убиен познат адвокат

Во Атина убиен познат адвокат

Познат адвокат од Атина со пиштол бил убиен од две лица синоќа во неговата канцеларија. Убиството на 52 годишниот Михалис Зафиропулос, како што јавуваат грчките медиуми, предизвика шок и огорчување во градот.

Убиениот адвокат во изминативе неколку години застапувал многубројни обвинети во случаи на корупција, а бил активен и во Адвокатската комора. Одборот на Комората реши поради неговото убиство една недела да ги запре сите активности на адвокатите во Атина.

Премиерот Алексис Ципрас побара брзо расветлување на случајот, додека претседателот на опозициската Нова Демократија Киријакос Мицотакис изјави дека бил згрозен од убиството на истакнат член на неговата партија.

Може да ве интересира

ЕУ не ја одобрува одлуката на САД за Ерусалим

Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини ја поздрави историската посета на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *