ПОЧЕТНА / НАЈНОВИ ВЕСТИ / ВЕСТИ / Вонредна седница на Советот за безбедност по одлуката на Трамп за Еурсалим

Вонредна седница на Советот за безбедност по одлуката на Трамп за Еурсалим

Советот за безбедност на Обединетите Нации свика вонредна седница откако американскиот претседател Трамп еднострано го призна Ерусалим за израелска престолнина. Генералниот секретар на Организацијата Антонио Гутереш предупреди дека статусот на Ерусалим се решава исклучиво со разговори меѓу Израел и Палестина.

„Уште од првиот ден на оваа функција се противам на какви било еднострани мерки со кои се загрозува шансата за мир за Израелците и Палестинците. Во овој период на неизвесност, сакам да појаснам дека не постои алтернатива за дводржавно решение. Не постои план Б“, изјави генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш.

Критики за потегот на Белата куќа стигнуваат и од Европската унија и од арапските земји.

„Сите бараме Трамп да ја отповика одлуката. Палестина е окупирана територија, признаена со резолуција на ОН, а Ерусалим е дефиниран како главен град на оваа окупирана територија“, рече Маџед Ал Фитјани, Револуционерен совет на Фатах.

„Ова е против сите меѓународни закони и против правата на Палестинците. Ерусалим секогаш ќе биде арапско-исламски град. Исламските нации се незадоволни од случувањата зашто ќе се одразат негативно врз мировниот процес и регионалната стабилност“, изјави Махер Салах, член на Хамас.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нагласи дека соработката со Вашингтон проодлжува се додека не биде остварен сонот за мир.

„Веќе 70 години, Ерусалим е наш главен град, а 3000 години е центар на нашата надеж, соништа, и молитви. Одлуката на претседателот Трамп е чекор напред кон постигнувањето мир. Ги повикувам сите земји да им се придружат на САД и да ги преместат своите амбасади во Ерусалим. Во Израел секогаш ќе има место и за евреите, и за христијаните и за муслиманите“, изјави премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху.

Процесот може да трае со години поради одредувањето на локацијата и изградбата на новиот амбасадорски комплекс.

Може да ве интересира

ЕУ не ја одобрува одлуката на САД за Ерусалим

Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини ја поздрави историската посета на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *