ПОЧЕТНА / НАЈНОВИ ВЕСТИ / ВЕСТИ / РЕГИОН / ВМРО-ДПМНЕ: Битола беше една од најголемите жртви на приватизацијата

ВМРО-ДПМНЕ: Битола беше една од најголемите жртви на приватизацијата

Битола беше една од најголемите жртви на криминалната приватизација на СДС после која остана без речиси една фабрика , а скоро 20.000 семејства останаа без леб,рече денеска Благој Шаклевски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. Во продолжение целиот текст од прес конференцијата:

-„Кога својата незаинтересираност и игнорирање  на инвеститорите во Жабени ја оправдувате со потребата да се обрнело вниманиеи на локациите во некогашниот стар индустриски дел на Битола , тоа веќе не е ни лицемерно туку безобразно.

Како што злосторникот се враќа на местото на злосторството, така СДС без трошка срам се шета во делот на Битола во кој направи пустош, уништи, затвори и отпушти.

Битола беше една од најголемите жртви на криминалната приватизација на СДС после која остана без речиси една фабрика , а скоро 20.000 семејства останаа без леб.

Денес СДС се дрзнува да ни кажува дека ќе обезбеди нови работни места со заживување на нивните мрачни споменици на транзицијата.

Како денес Битолчани да му веруваат на некој кој се’ што рекол – одрекол , се што кажал – откажал и за пет месеци не објави ниту една инвестиција во Македонија, или барем преговори за неа.

Во услови кога економските параметри покажуваат пад, назадување, рецесија СДС очекува да му поверуваме дека има капацитет и искрени намери да ги заживее фабриките кои сам ги уништи.

И уште нешто , навредите и контра-нападите не се одговорот кој Битолчани го очекуваат во врска со плановите за продажба на РЕК. За Битолчани да ви поверуваат, на место да го терате шефот на дипломатија Никола Димитров од немајкаде  да зборува за филтри на оџаци, донесете го Кочо Анѓушев да одговори на прашањата за тендеритена неговата фирма  и плановите за продажба на ЕЛЕМ. Не е доцна , имате уште два дена.

За лагата и измамата следува казна. И казната од народот ќе ги стигне – на 15 октомври.“

Може да ве интересира

Се бара решение за долговите за струја на битолските училишта

Училиштата во општина Битола и студентските домови „Томе Стефановски-Сениќ“ и „Пелагонија“ денеска добија предупредување за …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *