ПОЧЕТНА / СПОРТ / Вардар и Шкупи одиграа нерешено

Вардар и Шкупи одиграа нерешено

Македонскиот фудбалски шампион Вардар ќе мора да бара пласман во четвртфиналето од Купот на Македонија по потежок пат, затоа што во првиот меч како домаќин одигра 1-1 (0-1) против градскиот ривал Шкупи.

Чаирчани први поведоа преку Јашаровски во 8 минута, а потоа вешто се бранеа речиси 80 минути. Вардар со мајсторскиот лоб на Барсегјан од мртов агол успеа да го скрши отпорот во 59 минута, но немаше сила за втор гол да ја затресе мрежата на противникот по што резултатот остана 1-1 како конечен .

Реваншот во Чаир кој ќе се одигра на 17.декември ќе пресуди кој ќе биде патникот во четвртфиналето каде ги очекува тетовска Шкендија.

Може да ве интересира

Голден Стејт најмалку три седмици без Стеф Кари

Стеф Кари ќе паузира најмалку три седмици од кошаркарските терени по повредата што кошаркарот на …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *