ПОЧЕТНА / ЗАБАВА / Брзински план против целулитот

Брзински план против целулитот

Секоја година многу доцна ви текнува да се справите со целулитот?! Ама никогаш не е доцна да почнете да почитувате неколку брзински правила во борбата против целулитот, нои кои долгорочно ќе помогнат да се пресметате со оваа несакана појава на телото.
• Разбудете се од зимскиот сон и одлучете се за еден вид на тренинг што ќе го практикувате најмалку четири пати неделно. Без разлика на тоа каков вид на вежбање и да изберете, најважно е да не ги пропуштате термините за тренинг.

• Заменете го кафето со зелен чај.

• Ако на работа постојано седите, не ги прекрстувајте нозете и на секои два часа направете прошетка, макар да е тоа само низ канцеларија.

• Секојдневно применувајте ги кремите и другите козметички препарати против целулит и нанесувајте ги на проблематичните области.

• Најмалку еднаш неделно направете пилинг на задникот и бутовите.

cellulite

• Пијте најмалку осум чаши вода дневно.

• Наместо да користите лифт до повисоките катови, тргнете пешки по скалите.

• Почесто јадете зеленчук и салати, а помалку внесувајте компири или тесто.

• Минимално солете ја храната.

Може да ве интересира

Ријана доби улица во родниот Барбадос

Познатата пејачка Ријана беше специјална гостинка на Барбадос, нејзиниот роден остров, кога минатиот четврток се …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *