ПОЧЕТНА / НАЈНОВИ ВЕСТИ / ВЕСТИ / Битолска театарска премиера на „Сон на летната ноќ“

Битолска театарска премиера на „Сон на летната ноќ“

Шекспировата „Сон на летната ноќ“ во режија на Џон Блондел, е новата постановка на репертоарот на Битолскиот народен театар, а премиерно ќе биде одиграна веќе утревечер. Блондел за концептот при поставувањето на ова дело на Вилијам Шекспир рече дека го осмислува веќе 25 години, досега пет пати поставувајќи ја токму таа комедија, со исто толку ансамбли и на три различни јазици.

Оваа драма прв пат ја режирав во 1990 година, во меѓувреме „Сон на летната ноќ“ имаше уште три други продукции, а сега ја режирам по петти, но прв пат во Македонија. Станува збор за една дива, разиграна, моќно раздвижена и комплетно исклучителна драма, според мене најдобрата комедија на Шекспир, а и воопшто најдобрата комедија напишана на англиски јазик, која во Македонија ја преведе Драги Михајловски, рече меѓудругото режисерот Блондел на прес-конференцијата што се одржа во битолскиот Клуб на актерите.

Во претставата „Сон на летната ноќ“ настапуваат актерите Петар Горко, Илина Чоревска, Никола Пројчевски, Марјан Ѓоргиевски, Викторија Степановска Јанкуловска, Маја Андоновска Илијевски, Слободан Степановски, Александар Стефановски, Огнен Дранговски, Катерина Аневска Дранговска, Петре Спировски, Соња Михајлова, Јулијана Мирчевска, Валентина Грамосли, Менка Бојаџиева, Јулијана Стефановска и Елена Моше.

За соработката со режисерот Блондел, учесниците во оваа претстава велат дека е интересен спој на две различни култури, како тие да се вметнат во актерскиот израз со оглед на различноста во размислувањето, но и на хуморот исто така.

Битолскиот народен театар со поставката на „Сон на летната ноќ“ на Шекспир веќе се претстави ова лето на 57. издание на Фестивалот „Охридско лето“, а претставата беше одиграна на сцената „Долни Сарај“ и како што информираат од театарот, помина со доста добри критики.

Може да ве интересира

Битолскиот совет ќе ги решава локалните проблеми

Битола мора да ја вратиме во нормалните текови и на политиката и на бизнисот, рече …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *