ПОЧЕТНА / НАЈНОВИ ВЕСТИ / ВЕСТИ / „Без паника“ на БНТ вечерва во Торонто,Канада

„Без паника“ на БНТ вечерва во Торонто,Канада

 

Битолските актери од НТБ, Никола Пројчевски, Марјан Ѓоргиевски и Александар Копања вечерва во Meadowvale Theatre во Торонто Канада ќе ја изведат претставата „Без паника“.-Во комедијата доминира еден безвременски текст, разбирлив на сите јазици и во секоја држава и затоа и во Торонто постои голем интерес за овој проект. Влезниците по цена од 30 долари одамна биле распродадени, што значи вечер во 20 часот по локално време ќе има прекрасен амбиент за изведба на претставата, велат од Битолскиот театар.

Претставата е по текст на финскиот автор Мика Мулуахо, а во режија на Благој Мицевски. Во претставата користена е музика од повеќе изведувачи, преводот е на Оливера Павловиќ, драматург Билјана Крајчевска, сценограф Драган Анѓелковиќ, а кореограф Валентино Апостоловски.

Може да ве интересира

СВР Битола го одбележа денот на превенцијата

Отсекот за превенција од СВР Битола денеска организираше прием за децата од градинките по повод …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *