ПОЧЕТНА / ЗАБАВА / Алесандра Амброзио си заминува од Викторија сикрет

Алесандра Амброзио си заминува од Викторија сикрет

Неколку часа пред шоуто на брендот во Шангај, 36-годишната Алесандра Амбросио објави дека ја завршила својата работа со брендот.

Бразилката изјави за новинарите дека претставата во кинескиот град ќе биде нејзиниот последен настап на Victoria’s Secret подиумот.

Таа со право може да се нарече ветеран во модата на долна облека. Нејзината работа со брендот започна во 2011 година и траеше 7 години. За ова време, бразилската убавица беше двапати почестена со Фантази градникот, украсен со скапоцени камења и метали.

Сега Амбросио сака да се оддаде на актерска кариера – “ангелот” на Victoria’s Secret може да се пофали со учеството во 13 филмови, а овој месец беше премиерата на последниот – комедијата Daddy’s Home 2.

Покрај тоа Алесандра сака да посветува повеќе време на семејството и воспитувањето на двете деца – 9-годишната Ани и 5-годишниот Ноа.

Може да ве интересира

Ријана доби улица во родниот Барбадос

Познатата пејачка Ријана беше специјална гостинка на Барбадос, нејзиниот роден остров, кога минатиот четврток се …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *