ПОЧЕТНА / СПОРТ / Александар Ставрев ќе суди на мечот Коњаспор – Виторија Гимараеш

Александар Ставрев ќе суди на мечот Коњаспор – Виторија Гимараеш

Македонскиот фудбалски судија, Александар Ставрев ќе суди на мечот Коњаспор – Виторија Гимараеш кој е во рамките на второто коло во групната фаза од Лигата на Европа.

Негови помошници ќе бидат Марјан Кироски, Дејан Костадинов и Гоце Петрески, додека позади головите ќе бидат Димитар Мечкаровски и Дејан Јакимоски.

За Ставрев ова ќе биде трет натпревар во Лигата на Европа на кој суди оваа сезона.

Претходно беше главен арбитар на дуелите Утрехт – Лех Познан и Легија Варшава – Шериф Тираспол кои се играа во предходните квалификациски рунди од оваа натпреварување.

Натпреварот Коњаспор – Виторија Гимараеш е закажан за в четврток, 28. септември, со почеток од 19 часот.

Може да ве интересира

Бошковски и Еурофарм Работник ја прекинаа соработката

По само пет кола изминати во ракометната Суперлига, промена на тренерската позиција во Еурофарм Работник …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *