ПОЧЕТНА / ХРОНИКА / Акциска контрола на подрачјата на СВР Битола, Тетово и Велес

Акциска контрола на подрачјата на СВР Битола, Тетово и Велес

Врз основа на претходно добиени оперативни сознанија дека во голем број угостителски објекти не се почитуваат законските прописи во поглед на функционирањето на правните субјекти, незаконски престој на лица во Република Македонија, користење наркотици и слично, Министерството за внатрешни работи во соработка со Управата за јавни приходи и Државен пазарен инспекторат викендов реализираше акциски контроли на подрачјето на СВР Тетово, СВР Велес и СВР Битола, а беше спроведена и зајакната контрола во врска со управувањето на возила од граѓани под дејство на алкохол, соопшти на прес конференција директорот на Бирото за јавна безбедност Лазе Велковски. Кај угостителските објекти кои беа контролирани на подрачјето на СВР Битола не се констатирани посериозни прекршоци, за разлика од подрачјата на СВР Тетово и СВР Велес. На подрачјето на СВР Тетово односно градовите Тетово и Гостивар, контролирани се 31 објект. При извршените контроли, на 19 објекти од страна на Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат изречени се мерки забрана за вршење на дејност во траење од 15, односно 30 дена за непочитување на законските прописи согласно Законот за регистрирано готовинско плаќање (неиздавање на фискална сметка или непоседување на фискален апарат) и Законот за угостителска дејност (физичко лице кое врши угостителска дејност без да се регистрира во регистар).

Од страна на СВР Велес, во градовите Велес, Кавадарци и Неготино, беше спроведена и зајакната акциска контрола во врска со управувањето на возило од граѓани под дејство на алкохол, при што алкотестирани биле вкупно 232 возачи и притоа кај 29 е утврдено присуство на алкохол. Министерството за внатрешни работи, соопшти директорот Велковски, во соработка со другите институции ќе продолжи со ваквите контроли и во наредниот период.

Може да ве интересира

Турски државјанин пуштил фалсификувани пари во оптек во Битола

На 07.11.2017 година од страна на полициски службеници од СВР-Битола бил лишен од слобода А.А.(25) …

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *